ПРВ.мк
Македонија

Октомври ќе донесе два продолжени викенди – погледнете ги неработните денови до крајот на годината

Октомври ќе донесе два продолжени викенди – погледнете ги неработните денови до крајот на годината

До крајот на 2026 година граѓаните во Македонија ги очекуваат уште неколку неработни денови, а октомври ќе биде особено интересен бидејќи носи два продолжени викенди, објавува Журнал.мк.

Првиот продолжен викенд е по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Годинава празникот се паѓа во недела, поради што неработен ќе биде и следниот ден – понеделник, 12 октомври. Така, граѓаните ќе имаат три последователни слободни дена.

Само две недели подоцна следува уште една можност за продолжен викенд. 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, годинава се паѓа во петок, што повторно значи три слободни дена за оние кои не работат за време на викендите.

Во ноември нема државен празник што носи неработен ден за сите граѓани.

До крајот на годината останува уште 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, кој во 2026 година се паѓа во вторник.

Октомври, според тоа, ќе биде последниот месец годинава со два продолжени празнични викенди.