Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува поголема промена на времето во Македонија во текот на викендот, кога се очекуваат облаци, дожд и пад на температурите.
Според прогнозата, топлото и претежно сончево време ќе се задржи уште во следните два дена. Сепак, во попладневните часови на одредени места ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Позначителната промена ќе започне за време на викендот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално може да бидат поројни и пообилни.
Наместа врнежите ќе бидат придружени со грмежи и засилен северен ветер.
Од сабота се очекува и опаѓање на дневните температури, со што ќе заврши периодот на изразено топло време.







