ПРВ.мк
Македонија

Уште два дена топло, а потоа пресврт: Еве што нè очекува за викендот

Уште два дена топло, а потоа пресврт: Еве што нè очекува за викендот

Топлото и сончево време во Македонија ќе се задржи уште во следните два дена, по што за време на викендот се очекува позначителна промена на временските услови.

Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

На одредени места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, а ќе има и услови за грмежи и засилен северен ветер.

Промената ќе се почувствува и преку температурите. Од сабота се очекува опаѓање на дневните температури.

До тогаш ќе преовладува топло и претежно сончево време, но во попладневните часови локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.