ПРВ.мк
Македонија

ОГНЕНА СТИХИЈА: Подигнати „ер тракторите“, пожарникарите во битка со пламените

ОГНЕНА СТИХИЈА: Подигнати „ер тракторите“, пожарникарите во битка со пламените

Пожар избувна во реонот на селото Никуштак во Општина Липково, каде што во тек е интервенција за негово локализирање и гаснење.

Во справувањето со огнената стихија се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување. „Ер тракторите“ на ДЗС дејствуваат од воздух врз зафатеното подрачје.

Истовремено, на терен се распоредени пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, кои од земја се обидуваат да го спречат понатамошното ширење на пожарот.

На видеоснимките од местото може да се забележат интервенциите на воздухопловите, како и противпожарните екипи распоредени во реонот на Никуштак.

Засега нема дополнителни информации за големината на површината зафатена од пожарот, ниту за евентуална опасност за населените места.