ПРВ.мк
Македонија

ОД ПРОЦЕНКА КОН ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ: Министерот најави три клучни приоритети за реформа во здравството

ОД ПРОЦЕНКА КОН ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ: Министерот најави три клучни приоритети за реформа во здравството

Министерот за здравство учествуваше на работилницата каде што беа презентирани резултатите од Националната проценка на квалитетот, подготвена во соработка со СЗО Македонија (WHO Macedonia) и Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи (АКАЗУМ).

Тој потсети дека уште додека ја вршеше функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), се залагаше за подобрување на стандардите и поврзување на финансирањето со квалитетот, а сега тие иницијативи мора да прераснат во национална политика.

Главниот заклучок од извештајот е дека иако постојат закони, стратегии и системи, тие сè уште не функционираат синхронизирано како една целина. Поради тоа, Министерството за здравство ќе се фокусира на три клучни приоритети:

  • Безбедност на пациентите: И пациентите и здравствените работници сè уште имаат страв да пријават грешка. Пријавувањето мора да биде заштитено за да може да се учи од пропустите, бидејќи грешката што не е пријавена е грешка што ќе се повтори.
  • Пари за квалитет, а не само за обем: Финансирањето во здравството ќе се врзува за квалитетот на дадените услуги, наместо само за бројот на извршени прегледи или процедури.
  • Јасна одговорност: Прецизно утврдување на обврските за секоја институција поединечно.

Министерот за здравство најави изработка на оперативен Национален план за квалитет со јасни одговорности и реални рокови, нагласувајќи дека ова нема да биде уште еден документ оставен на хартија, бидејќи квалитетот е директна обврска кон секој пациент.

Најнови вести