ПРВ.мк
Македонија

ФИНАНСИСКИТЕ ИСТРАГИ СЕ КЛУЧНИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ: ДЈБ и американски експерти на заедничка обука во Скопје

ФИНАНСИСКИТЕ ИСТРАГИ СЕ КЛУЧНИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ: ДЈБ и американски експерти на заедничка обука во Скопје

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска во Скопје се обрати на отворањето на специјализираната обука „Транснационални финансиски истраги“, организирана со поддршка на програмата ИЦИТАП (ICITAP) при Министерството за правда на САД.

На обуката учествуваат претставници од надлежните институции и агенции за спроведување на законот, вклучително и Јавното обвинителство, со цел унапредување на знаењата, подобрување на координацијата и зајакнување на меѓуинституционалната соработка во финансиските истраги.

Во своето обраќање, директор Јанев ја истакна важноста на финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал. Тој нагласи дека вистинскиот удар врз криминалните структури се задава токму со одземањето на нивната финансиска моќ и прекинувањето на нелегалните текови на пари.

Специјализираната обука, која ја водеа американски експерти, е насочена кон:

  • Унапредување на капацитетите за откривање на перење пари
  • Следење на прекуграничните финансиски текови
  • Утврдување на потеклото на имотот и идентификување на вистинските сопственици
  • Крајна реализација за конфискација и одземање на имотот

Јанев ја подвлече и критичната важност на меѓународната соработка, размената на информации и заедничкото дејствување на сите засегнати институции, притоа упатувајќи јавна благодарност до Амбасадата на САД и ИЦИТАП за нивната континуирана поддршка и стратегиско партнерство.

Најнови вести