Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион
Во тек се интензивни подготовки за асфалтирање на патниот правец Мрежичко – Мајден, значаен проект што се реализира во соработка помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и ЈП „Македонијапат“.
Вкупната вредност на оваа капитална инвестиција изнесува над 50 милиони денари.
Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајното поврзување во овој дел од регионот. Дополнително, новиот пат ќе го олесни секојдневното движење на локалното население и ќе создаде подобри услови за економски и локален развој.
Подобрувањето на патната мрежа останува еден од главните приоритети, со цел обезбедување современа патна инфраструктура и поквалитетни услови за живот за сите граѓани.






