ПРВ.мк
Македонија

НОВ ПОЖАР ВО МАКЕДОНИЈА: Огнена стихија избувна над село Вражале - Ангелов со важна порака!

НОВ ПОЖАР ВО МАКЕДОНИЈА: Огнена стихија избувна над село Вражале - Ангелов со важна порака!

Пожар избувна над скопското село Вражале, по што екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување веднаш излегоа на терен и започнаа со интервенција за спречување на понатамошното ширење на огнот.

Состојбата на терен директно ја координира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, во соработка со заменик-командантот на скопската противпожарна бригада, Ерол Алиу.

Во гаснењето, покрај противпожарните екипи, се вклучени и две специјализирани возила на ДЗС.

Најголем проблем за пожарникарите претставува непристапниот терен, поради што огнот не може целосно да биде локализиран само со копнени сили.

Поради тоа, за утреутро е планирано вклучување на противпожарни летала, доколку временските услови го дозволат тоа.

Екипите ќе останат на терен и во текот на целата ноќ, со цел да ја следат состојбата и навремено да реагираат доколку дојде до повторно разгорување или проширување на огнената линија.

Надлежните служби како главен приоритет го наведуваат целосното ставање на пожарот под контрола и заштитата на околните населени места.