ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ ВО ГОСТИВАР: Маж ја претепал својата девојка - ова е нејзината состојба!

СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ ВО ГОСТИВАР: Маж ја претепал својата девојка - ова е нејзината состојба!

37-годишен гостиварец е лишен од слобода откако, според пријавата, прво влегол во домот на својата 32-годишна девојка и вербално ја нападнал, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон.

Случајот се случил на 15 август околу 23:20 часот, кога полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле И.Д. (37) од Гостивар.

По случувањата во домот, според информациите од МВР, тој набрзо потоа ја нападнал девојката и физички пред зградата, при што таа се здобила со телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

И.Д. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.