ПРВ.мк
Македонија

ФОТО | НЕВЕРУВАЊЕ ВО МАВРОВО: Туристи во костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“

ФОТО | НЕВЕРУВАЊЕ ВО МАВРОВО: Туристи во костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“

Фотографии од лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Маврово предизвикаа низа реакции на социјалните мрежи.

Според објавата која се прошири во јавноста, посетителите пристигнале со комбиња, а потоа се качувале по објектот на храмот. Авторот на објавата го оценува ваквото однесување како несоодветно за простор кој има верско и културно значење.

Воедно, се упатува апел до надлежните институции да извршат увид на местото и да проверат дали при ваквото однесување е предизвикана каква било материјална штета или се прекршени правилата за заштита и користење на објектот.

Во објавата се нагласува дека проблемот не е во самото присуство на туристи, туку во начинот на кој, според авторот, дел од посетителите се однесуваат кон просторот.

Засега нема официјална реакција од Општина Маврово и Ростуше, полицијата или други надлежни институции за настанот.