Мајка и нејзината 12-годишна ќерка се приведени во Белград под сомнение дека измамиле жена, ветувајќи ѝ дека ќе ѝ помогнат да ја „отстранат црната магија“, за што наводно ѝ наплатиле огромна сума пари.
Според информациите за случајот, 40-годишната Н. Л. и нејзината ќерка А. А. ја довеле во заблуда оштетената Т. М. (40), убедувајќи ја дека можат да ја ослободат од наводната црна магија.
За услугата, според пријавата, од жената добиле дури 600.000 српски динари, односно околу 5.000 евра.
Полицијата во Белград ја уапсила мајката, додека со нејзината малолетна ќерка бил спроведен соодветен разговор во присуство на претставници на Центарот за социјална работа.
Против Н. Л. полицијата поднела кривична пријава за измама, а случајот го истражува Првото основно јавно обвинителство во Белград.
Истрагата треба да ги утврди сите околности околу случајот и начинот на кој мајката и ќерката наводно ја убедиле оштетената да им го предаде износот од 600.000 динари.






