Со засилено темпо продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара во селото Марена, општина Кавадарци. Проектот веќе се наоѓа во напредна фаза на реализација, а градежните работи на терен се одвиваат со континуиран и планиран напредок.
Станува збор за значајна инвестиција во вредност од 12 милиони денари, кои се обезбедени преку финансиска поддршка од Министерството за транспорт.
Според проектот, новиот мост ги содржи следниве карактеристики:
- Две коловозни ленти за непречено одвивање на сообраќајот
- Тротоари од двете страни за поголема безбедност на пешаците
- Вкупна ширина од 8,5 метри
Со реализацијата на овој важен инфраструктурен капитален објект ќе се овозможи значително побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобра поврзаност на населеното место и современи услови за сите учесници во сообраќајот.
Општина Кавадарци продолжува со инвестициите во модерна и безбедна патна инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на живот на сите свои граѓани.




