Министерството за внатрешни работи информира дека е целосно надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во Министерството.
Како што соопштија од МВР, по преземените активности и координацијата со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), проблемот е успешно решен, а на сите вработени повторно им е обезбедено здравствено осигурување.
Со ова, вработените во Министерството можат непречено да ги остваруваат своите права од здравственото осигурување.
Од МВР нагласуваат дека заштитата на правата и интересите на вработените останува еден од приоритетите на институцијата.
Министерството посочува дека и во иднина ќе продолжи да презема активности за обезбедување непречено остварување на правата што произлегуваат од работниот однос.
Со решавањето на овој проблем, според соопштението, повторно е воспоставено здравственото осигурување за сите вработени во МВР.








