ПРВ.мк
Македонија

Мицкоски откри план за спас од пожари: 400 нови пожарникари и противпожарни возила

Мицкоски откри план за спас од пожари: 400 нови пожарникари и противпожарни возила
Escape

Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на „Тема на денот“ на Сител откри голем чекор напред во борбата со пожарите – во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари, а државата ја доби и својата прва „интервентна пожарна единица“ составена од модифицирани армиски и полициски возила.

Мицкоски со гордост истакна дека возилата како БТР 80, Хермелини и Пинцгауери се пренаменети за гаснење пожари со нови резервоари, без да се потроши ни денар од буџетот – целиот проект бил донација од општествено одговорни компании. Според премиерот, инженерите внимавале и на стабилноста на возилата за да се избегне превртување, а капацитетот им е импресивен – до 20 километри гасење пожар без потреба од полнење.

„Македонската интервентна пожарна изгледа импресивно и мотивирачки,“ рече тој, додавајќи дека досега сме заштедиле десетици милиони евра со овие иновации.

Во однос на воздушната поддршка, еден „Ер Трактор“ авион веќе се врати од сервис, вториот пристигнува неделава, а третиот до крајот на јули. „Подготвени сме, ако дојде до пожари – ќе се справиме!“ изјави Мицкоски.

Со огласот за нови пожарникари, обновените авиони и пренаменетите возила, Македонија конечно добива вистинска стратегија за борба со огнените стихии – и тоа без луксузни трошоци, туку со иновативен пристап и национална мобилизација.

Mia Home Mavrovo