ПРВ.мк
Магазин

Хороскоп за оваа недела: Пријателствата на тест, а некои вистини ќе излезат на виделина

Хороскоп за оваа недела: Пријателствата на тест, а некои вистини ќе излезат на виделина
Escape

Овен Некоја Водолија може да ви донесе шанса за напредок, но внимавајте – не секој што ви се смее е ваш пријател. Ќе сфатите дека некои пријателства се лажни.

Бик Љубовта доаѓа во фокус. Ќе се обидете да го вратите балансот во врската, но емоциите може да ве изневерат. Немојте да брзате со заклучоци.

Близнаци Ќе почувствувате како луѓето околу вас стануваат сè подалечни. Не дозволувајте туѓите ставови да ве соборат. Времето ќе покаже кој бил вистински до вас.

Рак Неделата е поволна за лични и професионални успеси. Искористете го овој позитивен бран, но не ги заборавајте вашите потреби.

Лав Ќе се борите помеѓу минатото и сегашноста. Некој ќе ве разочара, а тоа може да ве натера да донесете импулсивна одлука. Пауза е добра опција.

Девица Работните разговори ќе се чини како да немаат крај. Не ја потценувајте интуицијата – Овен во вашата близина има добри намери. Време е и за љубов.

Вага Ќе се почувствувате нападнати од блиски луѓе. Не ги игнорирајте емоциите, но не дозволувајте да ве води љубомората. Чувајте го внатрешниот мир.

Шкорпија Вашата тврдоглавост ќе ве оддалечи од семејството. Време е да прифатите дека не секогаш сте во право. Главоболки се можни поради стрес.

Стрелец Не се фаќајте за несигурни зделки или ветувања. Премногу се трошите за нешто што можеби нема да донесе резултат. Чувајте ја енергијата.

Јарец Неделата е добра за расчистување со обврските, но ќе ви недостига мотивација. Пријателите ќе ви понудат поддршка – дали ќе ја прифатите?

Водолија Доцнењето и запоставувањето на обврските може да ве остави без поддршка од сакана личност. Не се анализирајте премногу, туку делувајте.

Риби Ќе ве фрустрира двојниот морал кај партнерот. Ако се чувствувате запоставено – кажете го тоа. Време е за емоционално расчистување.

Ако некој ќе ве разочара оваа недела – нека биде лекција, не причина за огорченост.

Mia Home Mavrovo