Шокантен наод денеска напладне во реката Вардар на влезот од Велес, во близина на локацијата позната како „Бентот“. Екипа на Итна медицинска помош пријавила во СВР Велес дека било забележано безживотно машко тело како плови во реката.
Според првичните информации, станува збор за непознато машко лице (НН), чие тело било извадено од водата со помош на надлежните служби. Инцидентот веднаш го алармираше и јавниот обвинител, кој издаде наредба за увид и понатамошна постапка.
„По извршениот увид од страна на екипа на СВР Велес, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта,“ информира портпаролката Биљана Ѓаковска.
Во моментов не се знае идентитетот на починатиот, ниту дали се работи за несреќен случај, самоубиство или нешто посериозно. Полицијата спроведува истрага за расветлување на околностите под кои дошло до трагедијата.