ПРВ.мк
Црна Хроника

Крвава драма во зоолошка градина: Лав ѝ ја откина раката на вработена – но нема да биде успиен

Крвава драма во зоолошка градина: Лав ѝ ја откина раката на вработена – но нема да биде успиен
Escape

Хорор-сцена ја потресе зоолошката градина „Darling Downs“ во близина на австралискиот град Бризбејн, кога еден лав ја нападнал и тешко ја повредил 50-годишна жена, која долги години работела со животните.

Инцидентот се случил додека таа ја набљудувала работата на чуварите во делот за месојади. Лавот, од засега непознати причини, ја зграпчил нејзината рака низ решетките, нанесувајќи ѝ тешки повреди. Според медиумите, постои можност таа да остане без раката, а некои извештаи тврдат дека веќе ѝ е ампутирана.

Екипа од итна помош пристигнала на местото на настанот околу 8:30 часот и веднаш ја пренела жената во болница, каде што е оперирана и се наоѓа во стабилна состојба.

И покрај шокантниот инцидент, раководството на зоолошката градина соопшти дека лавот нема да биде успиен бидејќи не излегол од својот заграден простор и не претставувал опасност за останатите. Инцидентот, велат од таму, бил трагична несреќа, а не резултат на агресивност надвор од природното однесување на животното.

Зоолошката, која привремено беше затворена по нападот, ќе ги отвори вратите уште во понеделник. Во меѓувреме, надлежните служби ја истражуваат причината за нес

Mia Home Mavrovo