ПРВ.мк
Магазин

Оваа овошје чини 160 долари – а се продава како луксузен сувенир

Оваа овошје чини 160 долари – а се продава како луксузен сувенир
Escape

Во супермаркет во Њујорк, јапонска диња од Шизуока се продава за неверојатни 160 долари, и тоа по специјална цена – намалена на „само“ 130 долари. Но, зошто едно обично овошје вреди колку просечна дневница?

Овие таканаречени „крунски дињи“ се одгледуваат со посебна техника – само една диња по растение. Секој плод расте со прецизна нега, рачно се полира, следи и на крај завршува во луксузна црна кутија со златни букви.

Се сметаат за симбол на статус и честопати се купуваат како скап подарок или сувенир во Јапонија. Според обожавателите, дињата буквално се топи во уста и нуди сладост и арома што не може да се спореди со ниту едно друго овошје.

Ако сте подготвени да дадете 160 долари за едно овошје, оваа диња не е само уживање – таа е луксузен гастрономски ритуал.

Mia Home Mavrovo