Активностите за подобрување на патната инфраструктура во Кавадарци продолжуваат со засилена динамика, со санација на оштетените делови од коловозите на повеќе локации низ градот.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, информираше дека во моментов се работи на улиците „Партизанска“ и „Пане Ѓунов“, каде се врши санација и крпење на ударните дупки.
Со интервенциите се подобрува состојбата на коловозот, а целта е да се обезбеди побезбедно и полесно одвивање на сообраќајот за граѓаните.


Активностите нема да завршат само на овие две улици. Согласно утврдените потреби и состојбата на терен, санацијата ќе продолжи и на други локации во Кавадарци.
Со континуираните интервенции на патната мрежа, Општина Кавадарци продолжува со подобрување на локалната инфраструктура и условите за секојдневно движење низ градот.










