ПРВ.мк
Свет

УЧИЛИШТАТА СЕ УНИШТЕНИ, НО НАСТАВАТА ПРОДОЛЖУВА: Децата во Газа повторно учат по речиси три години

УЧИЛИШТАТА СЕ УНИШТЕНИ, НО НАСТАВАТА ПРОДОЛЖУВА: Децата во Газа повторно учат по речиси три години

Стотици илјади деца во Газа повторно се вратија во училишните клупи, односно на настава со физичко присуство, за првпат по речиси три години. Сепак, за голем број ученици „училниците“ денес се шатори и импровизирани објекти, бидејќи огромен дел од образовната инфраструктура е уништена или оштетена.

Според УНИЦЕФ, дури 98 проценти од училиштата во Газа се оштетени или уништени за време на војната, додека околу 660.000 ученици останале без редовна настава со физичко присуство.

За учебната 2026/27 година се воспоставени десетици привремени училишта направени од шатори, церади, лим и дрво. Во дел од нив учениците седат на душеци, а од наставна опрема имаат само основни средства и табла.

Дополнителен проблем претставуваат високите цени на училишниот прибор и облеката. Многу семејства не можат да си дозволат униформи, тетратки и пенкала. Според Ројтерс, најмалку 540.000 ученици се очекува годинава да посетуваат настава со физичко присуство, додека онлајн наставата ќе продолжи за оние кои не можат да се вратат во училниците.

И покрај тешките услови, учениците велат дека сакаат да продолжат со образованието. Петнаесетгодишната Самар Абу Салми, која со семејството живее во шатор, раскажала дека претходно учеле преку мобилни телефони без директен контакт