ПРВ.мк
Магазин

„НЕМАШЕ ПРОБЛЕМ СО ПИЕЊЕТО, ТУКУ СО АНЏЕЛИНА“: Пријател на Бред Пит со тврдења за бракот со Џоли

„НЕМАШЕ ПРОБЛЕМ СО ПИЕЊЕТО, ТУКУ СО АНЏЕЛИНА“: Пријател на Бред Пит со тврдења за бракот со Џоли

Бред Пит се појави на премиерата на својот нов филм „Срцето на ѕверот“ во Франклин, Тенеси, во друштво на неговата долгогодишна партнерка Инес де Рамон. Наместо класична холивудска премиера, актерот избрал поопуштена атмосфера и побарал дел од локалните жители да добијат бесплатни билети.

Сепак, вниманието повторно се насочи кон неговиот поранешен брак со Анџелина Џоли. Извор близок до актерот за британскиот „Дејли меил“ изнел тврдење дека Пит „немал проблем со пиењето, туку со Анџелина“, додавајќи дека разводот и оддалечувањето од децата биле особено тежок период за него.

Пит престана да консумира алкохол по разделбата со Џоли, која следуваше по инцидентот во приватен авион во 2016 година. Џоли тогаш изнесе обвинувања против поранешниот сопруг, кои тој ги негираше. Случајот беше предмет на истрага на ФБИ, но против актерот не беа покренати обвиненија.

Луѓе од неговото опкружување сега тврдат дека актерот е во многу подобар период од животот и дека особено му одговара живот подалеку од типичната холивудска атмосфера.

Пит е во врска со Инес де Рамон од крајот на 2022 година, а извори блиски до двојката велат дека таа не сака прекумерно медиумско внимание.