Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 15-годишник од беровско, поради сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 19 август 2026 година малолетникот физички ја нападнал својата баба.
По преземените мерки и документирањето на случајот, против 15-годишникот е поднесена кривична пријава.










