ПРВ.мк
Црна Хроника

АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА: Приведен 39-годишник, го чека година и пол затвор

АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА: Приведен 39-годишник, го чека година и пол затвор

Полициски службеници од СВР Тетово вчера напладне привеле 39-годишен тетовчанец кој бил баран со потерница за издржување затворска казна, информира Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за Ѓ.С. (39) од Тетово, по кого била распишана потерница врз основа на наредба од Основниот суд Тетово.

Тој бил осуден на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

По приведувањето, 39-годишникот бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што треба да ја издржува казната.