ПРВ.мк
Црна Хроника

МИСТЕРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Жена пронајдена почината во хотел, обвинител нареди обдукција

МИСТЕРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Жена пронајдена почината во хотел, обвинител нареди обдукција

Во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид била пронајдена почината 70-годишна жена од Германија.

Како што информираат од полицијата, случајот бил пријавен на 22 септември 2026 година, околу 23:40 часот, во СВР Охрид.

Станува збор за Б.Х.К. (70) од Германија, која била пронајдена без знаци на живот во хотелскиот објект.

На местото пристигнал лекар од Итната медицинска помош, кој констатирал смрт. Според првичните информации, на телото не биле забележани траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.