ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ: Поранешен припадник на ОВК приведен, па ослободен

ДРАМА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ: Поранешен припадник на ОВК приведен, па ослободен

Фадиљ Пушколи, сопственик на косовската новинска агенција „КосоваПост“ и поранешен припадник на ОВК, бил приведен во вторникот вечерта на граничниот премин „Блаце“, при влез од Косово во Македонија.

Според информациите објавени во повеќе медиуми, Пушколи бил задржан поради потерница издадена од Србија. За случајот првично информирал самиот тој преку својот профил на Фејсбук, од каде побарал реакција од косовските институции.

По извршениот разговор и испрашувањето од македонската полиција, Пушколи бил пуштен на слобода. Тој потоа јавно ѝ се заблагодарил на полицијата за, како што навел, коректниот и професионален однос во текот на постапката.

Засега нема јавно објавено официјално соопштение од македонските надлежни институции со детали за правната основа на приведувањето и причините поради кои Пушколи бил ослободен.