ПРВ.мк
Македонија

Подобрување на патната инфраструктура во Кавадарци: Се санираат оштетувањата на улиците „Партизанска“ и „Пане Ѓунов“

Подобрување на патната инфраструктура во Кавадарци: Се санираат оштетувањата на улиците „Партизанска“ и „Пане Ѓунов“

Општина Кавадарци продолжува со засилени активности за санирање и уредување на локалната патна мрежа.

Во тек се градежни работи за санација и крпење на ударните дупки на улиците „Партизанска“ и „Пане Ѓунов“. Главната цел на овие активности е значително подобрување на состојбата на коловозот, подобрување на проточноста и овозможување побезбеден и послободен сообраќај за сите учесници.

Од општината информираат дека по завршувањето на овие локации, градежните екипи ќе продолжат со интервенции и на други улици низ градот, согласно претходно утврдениот план и потребите на терен.