ПРВ.мк
Македонија

Општина Кавадарци добива нов лик: Инвестиција од 300.000 евра за уредување на кејот на Овчка Река во с. Марена

Општина Кавадарци добива нов лик: Инвестиција од 300.000 евра за уредување на кејот на Овчка Река во с. Марена

Проектот за целосно уредување на просторот покрај Овчка Река во кавадаречкото село Марена влегува во нова фаза. По почетните активности за чистење и подготовка на теренот, градежните работи на терен продолжуваат со засилено темпо.

Овој значаен проект за општина Кавадарци е вреден 300.000 евра, а средствата се целосно обезбедени како донација од фамилијата Камчеви преку Фондацијата „Илија Камчев“.

Со реализацијата на оваа инвестиција, жителите на Марена и сите кавадарчани ќе добијат нов, современ и парковски уреден простор покрај реката. Новиот кеј не само што драстично ќе го подобри естетскиот изглед на населеното место, туку ќе понуди и пријатно место за одмор, рекреација и соживот за сите генерации.

Проектот се реализира етапно, чекор по чекор, претворајќи ја долгогодишната потреба на локалното население во реалност. Овој дел од Кавадарци добива нов, модерен лик и простор кој ќе остане во наследство за сегашните и идните генерации.