Од вкупно 40 екипи кои беа дел од XXII Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“, во трката за трофејот останаа само четири.
Вечерва на фудбалското игралиште „Сокол“ во Карпош 1 ќе се одиграат двата полуфинални натпревари, по кои ќе бидат познати екипите што ќе се борат за победничкиот пехар.
По бројните натпревари и возбудувања во досегашниот дел од турнирот, следува вечер во која секој гол, секоја шанса и секоја одлука може да биде пресудна.
Организаторите очекуваат уште една одлична фудбалска атмосфера и голема поддршка од трибините во најважната фаза од турнирот.
За сите кои нема да можат да присуствуваат на игралиштето, полуфиналните натпревари ќе можат да се следат и преку LIVE STREAM на Facebook.
📍 Фудбалско игралиште „Сокол“ – Карпош 1🏆 XXII Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“⚽ Полуфинале | Среда, 23.09.






