На 22 септември 2026 година, во 13:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 26-годишниот И.Д. од Куманово.
Приведувањето следувало откако, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом. При претресот полицајците пронашле и одзеле пиштол „Екол“, како и куршуми.
Лицето било спроведено во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






