ПРВ.мк
Македонија

ПАЛЕЛ КОНТЕЈНЕРИ ВО САМИОТ ЦЕНТАР НА ГРАДОТ: Приведен 63-годишен маж!

ПАЛЕЛ КОНТЕЈНЕРИ ВО САМИОТ ЦЕНТАР НА ГРАДОТ: Приведен 63-годишен маж!

Полицијата го лишила од слобода 63-годишниот Б.П. од Битола, кој е осомничен дека предизвикал пожар во подземни контејнери на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал вчера околу 13:00 часот, во непосредна близина на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Полициските службеници добиле информации дека Б.П. бил забележан како подметнува пожар во подземните контејнери, по што веднаш биле преземени мерки за негово пронаоѓање.

Осомничениот бил пронајден и лишен од слобода околу 13:15 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје.

Во меѓувреме, пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против 63-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.