ПРВ.мк
Свет

СЕ ВОВЕДУВААТ СОЛЕНИ КАЗНИ: Еве колкава е казната за качување нозе на седиште и слушање гласна музика во јавен превоз!

СЕ ВОВЕДУВААТ СОЛЕНИ КАЗНИ: Еве колкава е казната за качување нозе на седиште и слушање гласна музика во јавен превоз!

Патниците во автобусите кои пуштаат гласна музика, ги држат нозете на седиштата, фрлаат ѓубре или јадат и пијат за време на возењето во јавниот превоз во Сингапур, можат да се соочат со парични казни до 500 сингапурски долари почнувајќи од денеска, кога на сила стапуваат новите прописи за однесување на патниците.

Казната одговорa на износ од околу 350 евра (односно околу 21.500 денари).

За посериозни прекршоци, како што се вознемирување или загрозување на другите патници на автобуските станици и терминали, како и валкање на кој било дел од автобусот, станицата или терминалот, предвидена е максимална казна од 5.000 сингапурски долари, пренесува порталот Channel News Asia.

Управата за копнен сообраќај (LTA) ги објави овие мерки во понеделникот, речиси една година откако парламентот ги усвои законските измени што овозможуваат регулирање на однесувањето на патниците во автобусите и на автобуските терминали.

Казните за прекршоци во автобусите се усогласени со оние што важат за железничката мрежа, наведоа од LTA.