Во изминатото деноноќие во повеќе градови низ Македонија биле регистрирани случаи на партнерско и семејно насилство, при што полицијата привела неколку лица, информираат од МВР.
Во Куманово, 37-годишна жена пријавила дека околу 02:05 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот партнер Л.И.
Друг случај бил пријавен во Скопје. 34-годишна жена пријавила дека три дена претходно, во дом на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот 35-годишен партнер Ф.Д.С.М., државјанин на Франција.
Полицијата интервенирала и во Охрид, каде бил лишен од слобода 49-годишниот О.В. од струмичко село. Тој бил пријавен дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел телесни повреди.
Уште еден случај е регистриран на кумановското подрачје. Полицијата го привела М.И.(56), откако било пријавено дека агресивно се однесувал и со остар предмет ѝ се заканувал на својата сопруга.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.









