Министерот за здравство Сашо Клековски оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер, на која се разговараше за актуелните приоритети и реформските процеси во здравствениот сектор.
Во фокусот на разговорите биле можностите за понатамошна поддршка и продлабочување на соработката меѓу двете земји, вклучително и преку нови твининг-проекти и размена на стручни искуства.
Како конкретен пример за ваквата соработка, Клековски го посочи твининг-проектот во областа на цистичната фиброза, преку кој македонските клиники соработуваат со Универзитетската клиника „Шарите“ од Берлин.

Во рамки на таа соработка, во Скопје престојуваше и проф. д-р Мирјам Штал, со што стручните искуства и современите практики директно се пренесуваат до здравствените работници кои се грижат за пациентите.
Според Клековски, токму ваквиот модел на партнерство овозможува меѓународното знаење и искуство да се преточат во практична поддршка за домашниот здравствен систем.

Министерот ѝ се заблагодари на амбасадорката Дрекслер за посетата и за искажаната подготвеност за натамошна соработка во здравството.










