Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, во соработка со Интерпол и Граничната полиција, го уапсија З. В. (1969), државјанин на Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница по барање на Грција.
Според српската полиција, Грција го бара за издржување затворска казна од 16 години поради кривично дело формирање криминална организација со цел извршување компјутерска измама.
Македонскиот државјанин бил приведен на граничниот премин Богојево, при влез во Србија.
Во тек е постапката за негова екстрадиција во Грција, каде што треба да ја издржи изречената затворска казна.







