ПРВ.мк
Македонија

Крвава пресметка во Скопје: Се собрале повеќе лица, двајца тешко повредени

Крвава пресметка во Скопје: Се собрале повеќе лица, двајца тешко повредени

Крвава пресметка се случила во скопската општина Аеродром, при што две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а полицијата поднела кривична пријава против пет лица, меѓу кои и еден малолетник.

Според МВР, инцидентот се случил на 16 август околу 01:15 часот. Најпрво дошло до физичка пресметка меѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43), двајцата од Скопје, по што во конфликтот се вмешал и С.И.(23), кој се обидел да му помогне на Н.Е.

Набргу на местото пристигнале повеќе лица, а ситуацијата дополнително ескалирала. Според полицијата, Н.Е. и С.И. биле нападнати со тврди и стаклени предмети и се здобиле со тешки телесни повреди.

По преземените мерки, полицијата ги обезбедила осомничените и било извршено нивно препознавање. СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолетник поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Постапката продолжува во координација со надлежното јавно обвинителство.