Она што публиката долго го очекуваше, конечно ќе се случи.
На 23 август, актерот и комичар Тони Михајловски ќе биде специјален гостин во „Виц Битка“, каде што ќе влезе во директен дуел со Стефан Николовски.
Двајца мајстори на хуморот, две различни генерации и стилови, а правилото е едноставно – кој ќе успее повеќе да го насмее другиот?
Михајловски пристигнува со децении искуство на сцена, додека Николовски ќе се обиде да покаже зошто „Виц Битка“ стана од најпопуларна забавна емисија во Македонија.
Очите на Македонија на 23 август ќе бидат вперени кон студиото на „Виц Битка“, каде што конечно ќе си ги измерат силите двајца од најпрепознатливите актери-комичари од различни генерации.
Кој ќе издржи без да се насмее?
Кој ќе го зададе последниот удар?
И најважно – кој ќе излезе како победник?
Останува да видиме!
23.08 НЕДЕЛА, 20:30 часот на јутуб каналот на Стефан Николовски!







