ПРВ.мк
Македонија

Клековски во Брвеница: Средби со здравствените работници и жителите

Клековски во Брвеница: Средби со здравствените работници и жителите

Министерот за здравство Сашо Клековски престојуваше во Брвеница, каде што учествуваше во повеќе активности и јавно ја изрази својата поддршка за Стојанчо Радичевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општината.

Клековски најпрво остварил средба со здравствени работници од Брвеница и регионот, со кои разговарал за потребите на локалното население и можностите за подобрување на здравствената заштита што граѓаните ја добиваат во својата средина.

Во рамки на посетата, тој присуствувал и на меморијалниот турнир во мал фудбал „Жарко Кузмановски“, истакнувајќи го значењето на спортот и зачувувањето на споменот на луѓето кои оставиле трага во локалната заедница.

Клековски потоа му се придружил на Радичевски во непосредни средби со жители на Брвеница, при што двајцата посетувале домови и разговарале со граѓаните.

Радичевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните локални избори за градоначалник на Брвеница, закажани за 18 октомври. Во изборната трка учествуваат вкупно шест кандидати.

Во својата објава Клековски јавно ја образложи поддршката за Радичевски, истакнувајќи дека за локалната власт е важен непосредниот контакт со жителите и слушањето на нивните проблеми.