ПРВ.мк
Македонија

Хаос во државна институција: Жена физички нападнала обезбедувачка, па се нафрлила и на полицаец

Хаос во државна институција: Жена физички нападнала обезбедувачка, па се нафрлила и на полицаец

Инцидент се случил во државна институција во Скопје, каде 48-годишна жена физички нападнала вработена во обезбедувањето, а потоа агресивно се однесувала и кон полициски службеник.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 13 август во 18:50 часот во СВР Скопје.

Б.П. (42) од Скопје пријавила дека околу 15 часот, на влезот во државната институција каде што работи како обезбедување, била физички нападната од Е.П. (48), исто така од Скопје.

По инцидентот интервенирала полицијата, но според МВР, 48-годишната жена агресивно се однесувала и кон полицискиот службеник додека тој извршувал службени дејствија.

Од МВР не соопштуваат за која државна институција станува збор.

По целосното документирање на случајот, против жената ќе биде поднесена соодветна пријава.