ПРВ.мк
Македонија

Хаос на тетовската клиника - oва се деталите!

Хаос на тетовската клиника - oва се деталите!

Вчера, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.М. (28) од село Челопек, по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово. Тој бил пријавен дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л.А. (31) од с. Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му пружи медицинска помош. По пристигнувањето на полицијата, М.М. продолжил со агресивно однесување и нападнал еден од полициските службеници.

Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.

Escape