ПРВ.мк
Македонија

Хаос на „Евзони“: Километарски колони, туристите со часови заглавени на граница

Хаос на „Евзони“: Километарски колони, туристите со часови заглавени на граница

Километарски колони возила се формираа на грчката страна од граничниот премин „Евзони“, каде што голем број туристи со часови чекаат за излез од Грција и влез во Македонија.

Според информациите од терен, возилата се распоредени во пет сообраќајни ленти, а за минување на грчката граница се чека околу два часа.

За разлика од „Евзони“, на македонската страна кај граничниот премин „Богородица“ засега нема поголеми задржувања. Според последните информации од АМСМ, сообраќајот за влез во земјава се одвива без подолги чекања.

Најголемиот дел од патниците се туристи од Македонија и Србија кои се враќаат од продолжениот празничен викенд во Грција. Поради зголемениот број возила, засилена фреквенција се очекува и во вечерните часови.