ПРВ.мк
Македонија

ЌЕ СЕ ИСПЛАЌААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Тие што аплицирале за овој уред ќе добијат пари – еве од кога и колку!

ЌЕ СЕ ИСПЛАЌААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Тие што аплицирале за овој уред ќе добијат пари – еве од кога и колку!
Kristal

Градот Скопје ќе им ги исплати субвенциите на сите граѓани кои аплицирале на јавниот повик за набавка на инвертер клима уреди во 2025 година. Секое домаќинство ќе добие надомест до 20.000 денари за купениот уред, а данокот на личен доход во целост ќе го покрие Градот, што значи дека корисниците нема да имаат дополнителни трошоци.

Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оваа мерка има за цел да ги поддржи домаќинствата што вложиле во современи и енергетски ефикасни клима уреди. Тој истакна дека ваквите инвестиции носат пониска потрошувачка на електрична енергија, подобра енергетска ефикасност и поквалитетни услови за живеење. Дополнително, користењето инвертер уреди значително го намалува загадувањето и придонесува кон поеколошко и одржливо Скопје.

Градоначалникот најави и дека во наредниот период ќе бидат објавени нови јавни повици за субвенции, со што ќе продолжи поддршката за домаќинствата кои инвестираат во енергетска ефикасност и подобрување на животната средина.

FixCredit
Atensa 300
Escape