ПРВ.мк
Свет

НЕВРЕМЕТО ГО ПАРАЛИЗИРА РЕГИОНОТ: Училишта затворени, улици под вода и стотици повици за помош во една ноќ!

НЕВРЕМЕТО ГО ПАРАЛИЗИРА РЕГИОНОТ: Училишта затворени, улици под вода и стотици повици за помош во една ноќ!
Kristal

Силното невреме „Бајрон“ предизвика тотален хаос во поширокиот регион на Атина, каде денеска се затворени сите основни и средни училишта. Градот се соочи со обилен дожд, поплавени улици и голем број прекини во сообраќајот, што ја натера противпожарната служба само до 6 часот утрината да регистрира дури 290 итни повици. Екипите интервенирале на десетици локации за испумпување вода и отстранување паднати дрвја.

Најсилно беа погодени западните и северните делови на Атика, каде на места наврнаа преку 100 литри дожд на квадратен метар. Во останати делови од Атина врнежите биле помали, меѓу 15 и 35 литри, но сепак доволни да предизвикаат сериозен метеж и поплави.

Наставата денеска премина на онлајн режим, а државните службеници кои поради поплавите не можат да стигнат на работа добија дозвола да останат дома. Дел од главните сообраќајни артерии се затворени, особено во западните предградија Неа Перамо, Мегара и Мандра, кои повторно се меѓу најтешко погодените подрачја.

Жителите добија итни предупредувања преку бројот 112 да избегнуваат подруми и ниски простории и да се држат на безбедни локации додека трае невремето. Пораки за претпазливост беа испратени и во други региони на земјата.

Според прогнозите, „Бајрон“ ќе продолжи да донесува нестабилно време и во текот на ноќта, а стабилизација се очекува дури утре наутро.

FixCredit
Atensa 300
Escape