ПРВ.мк
Македонија

ЌЕ ПЛАЌАТЕ ЦЕЛОСНО: Високи казни за секој кој ќе го направи ова во Македонија!

ЌЕ ПЛАЌАТЕ ЦЕЛОСНО: Високи казни за секој кој ќе го направи ова во Македонија!
Kristal

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, најави сериозна мерка за спречување на уништувањето на јавна опрема: секој кој оштети урбани инсталации или опрема поставена со пари од граѓаните ќе биде должен целосно да ги надомести штетите.

„Целта е да се превенираат девијантни однесувања кај граѓаните и да се заштити имотот што е платен со средства на сите нас“, истакна Перински. Тој објасни дека Министерството за локална самоуправа планира да ги вгради комуналните редарски служби во системски закон, со што секој градоначалник ќе има обврска да воспостави редарска служба.

Планот предвидува и зголемување на казните за оштетување на јавна опрема и воспоставување механизам со кој ќе се осигура дека штетите се покриени од сторителот. „Комуналната полиција не може да се воспостави како самостојна институција, затоа мерките мора да се вградуваат во постоечките закони за локална самоуправа и комунални дејности. Всушност, ова е начин да се создаде општа култура на одговорност кај граѓаните“, нагласи Перински.

Со овие измени, секој кој ќе оштети јавна опрема ќе знае дека нема да се извлече само со опомена – граѓаните ќе бидат одговорни за надоместокот на инвестираниот износ, што според министерот ќе донесе посериозен однос кон јавниот имот и подобра заштита на урбаните простори.

FixCredit
Escape