ПРВ.мк
Македонија

КАВАДАРЕЧКИ ДОЛ ДОБИВА НОВА ЗЕЛЕНА ОАЗА: Се уредува парк на површина од над 10.000 квадратни метри

КАВАДАРЕЧКИ ДОЛ ДОБИВА НОВА ЗЕЛЕНА ОАЗА: Се уредува парк на површина од над 10.000 квадратни метри

Кавадаречки дол во Кавадарци добива нова зелена оаза, откако започнаа активностите за подигање и уредување на нова зелена површина која се простира на над 10.000 квадратни метри, соопштија локалните власти.

Целта на овој зафат е создавање на поубава, почиста и поздрава животна средина за граѓаните. Во рамки на досегашните активности веќе е извршено посејување со трева и засадување на украсни грмушки.

Според најавите, уредувањето на овој простор ќе продолжи и во наредниот период со садење на дрвја, со што локацијата ќе добие целосно нов, зелен и уреден изглед. Со ваквите чекори се обезбедува повеќе зеленило и подобри услови за престој и рекреација на жителите на Кавадарци.