Општина Битола објави јавен повик за финансиска поддршка на лица со ретки болести, со цел помош за покривање патни трошоци до болници надвор од градот и други потреби на лицата кои се наоѓаат во тешка здравствена или социјална ситуација.
Повикот овозможува лицата со ретки болести да добијат финансиска поддршка преку Програмата за социјална заштита на Општина Битола, при што секое лице може да искористи средства еднаш во текот на годината, до максимален износ од 30.000 денари во зависност од потребите за лекување надвор од Битола.
Периодот за пријавување е отворен цела година, додека средствата не бидат целосно искористени, а исплатата се врши двапати годишно – во јули и декември.
Критериумите, условите и потребните документи за аплицирање се достапни на официјалниот веб-линк на Општина Битола: https://www.bitola.gov.mk/lica-so-retki-bolesti/
Овој повик претставува конкретна поддршка за најранливите лица, обезбедувајќи им пристап до здравствена грижа и олеснување на финансиската тежина поврзана со лекување надвор од местото на живеење.
















