ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) ПЕТМИНА СРЕДНОШКОЛЦИ ИЗГОРЕА ВО СТРАВИЧЕН ПОЖАР: Една цигара ја запали просторијата – прогласена тридневна жалост!

(ФОТО) ПЕТМИНА СРЕДНОШКОЛЦИ ИЗГОРЕА ВО СТРАВИЧЕН ПОЖАР: Една цигара ја запали просторијата – прогласена тридневна жалост!
Kristal

Петмина средношколци на возраст од 14 до 18 години трагично го загубија животот во пожар што избувна во градот Манљеу, во близина на Барселона. Според информациите на каталонската полиција, младите не успеале да излезат од просторијата зафатена од оган поради густ чад кој со огромна брзина се проширил во магацин без вентилација, каде што тие се собирале во слободното време.

Истражните органи наведуваат дека пожарот најверојатно бил предизвикан од цигара која запалила мебел и стари предмети складирани во просторијата. Таа се наоѓала на покривот од зграда во која живеат ранливи семејства мигранти, а дел од становите се активно населени.

Според извори блиски до истрагата, немало никаква експлозија. Сепак, душеците и другите лесно запаливи предмети натрупани во малата, затворена и невентилирана просторија придонеле огнот брзо да се прошири и да создаде огромен облак од чад, што се покажало како кобно.

Пожарот избувнал околу 21 часот во една од околу 40-те простории што се користат како складишта на покривот на зградата. Во инцидентот полесно се повредени пет лица, меѓу кои четворица локални полицајци и еден млад човек кој одбил да биде пренесен во медицински центар.

Идентификацијата на жртвите сè уште не е целосно завршена, но според информации од блиски до семејствата, станува збор за петмина средношколци со потекло од земјите на Магреб – регионот во северозападна Африка.

Градските власти на Манљеу прогласија тридневна жалост во знак на почит кон загинатите млади животи. Трагедијата предизвика силен шок и тага во локалната заедница, а истрагата продолжува со цел целосно да се утврдат сите околности под кои дошло до катастрофалниот пожар.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo