Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Њу Делхи испрати моќна порака за борбата што Србија ја води во време на притисоци, напади и нечовечност.
– Ќе се борам против сите што ја мразат Србија. Нема да дозволам никој да ја уништи иднината на нашиот народ – напиша Вучиќ.
Тој истакна дека во понеделник вечерта во Нови Сад биле запалени маските и дека блокадите покажале дека се напаѓаат сите српски вредности и темели – српската држава и црквата.
Во врска со навредите кон црковните великодостојници, митрополитот Јоаникиј и патријархот Порфириј, Вучиќ истакна:
„Зборот ‘извини’ е благороден и убав кога некој се извинува. Но тука не станува збор за извинување, туку за нешто поопасно. Луѓето синоќа можеа да видат дека на ниту еден српски празник – од Видовден до Светосавска академија, Ден на српското единство, Ден на државноста, Сретење – не пропуштија директно да ги нападнат темелите на српската држава и црквите. Тие ја напаѓаат нашата традиција, култура и сите вредности што се важни за еден Србин. Нашето општество како целина е под напад.“
















