Пет лица се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден на различни локации во Скопје, откако полициски службеници при претреси кај нив пронашле марихуана.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведени се С.И. (29), Ф.Р. (21), И.К. (42) и Д.П. (18), сите од Скопје, како и К.И. (26), кој е државјанин на Турција.
Од МВР соопштуваат дека пронајдената марихуана била одземена, а по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.









