ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Син ја претепал својата 80-годишна мајка!

БРУТАЛНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Син ја претепал својата 80-годишна мајка!

Полициски службеници од прилепското Одделение за внатрешни работи привеле 61-годишен жител на Прилеп, по сомнение дека физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 24 ноември 2026 година, а во 23:10 часот полициските службеници го лишиле од слобода З.С. (61) од Прилеп, кој е осомничен за нападот врз неговата 81-годишна мајка.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.