Британскиот музичар Енди Тејлор, познат како гитарист на легендарниот поп-бенд „Дјуран дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст по долгогодишна борба со рак на простатата, соопштија членовите на групата.
Неговите колеги ја потврдија веста за смртта, посочувајќи дека Тејлор со години се соочувал со тешката болест.
„Енди водеше долга и храбра битка против ракот на простата“, соопштија од бендот.
Неговата сопруга Трејси, исто така, се огласи по повод загубата, истакнувајќи колку значајна улога имал во нивниот семеен живот и колку ќе им недостасува.
Според соопштението објавено од групата, Тејлор починал во понеделникот во својот дом на Ибица, Шпанија, опкружен со најблиските. Веста ја пренесе и „Би-би-си“ (BBC).







